Во Хрватска 3.987 новозаразени, на сила стапуваат нови мерки
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 3.987 нови случаи на коронавирус, тестирани се 11.282 лица, а 55 пациенти починале.
Бројот на активни случаи денес е 23.573, од кои 2.221 пациент се во болница, оа 262 се на респиратор, пренесува порталот „Индекс“.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се заразени вкупно 123.693 лица, од кои 1.655 починале.
Досега се опоравиле 98.465 лица, од кои 2.767 во последните 24 часа.
Во моментов има 51.247 луѓе во самоизолација, а до денеска се тестирале вкупно 736.102 лица.
Од денес во Хрватска се на сила нови мерки, а угостителските објекти се целосно затворени. Исто така, забранети се сите јавни настани и собири на повеќе од 25 лица. Максимум 10 лица можат да бидат присутни на приватни прослави. Максимум 25 лица можат да бидат присутни на погреби.
Јавните настани, собири и церемонии од сите видови може да траат најдоцна до 22 часот.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати