Во Хамбург уапсен еден од најбараните криминалци со изречена затворска казна во Македонија од 32 години
Во извонредна соработа помеѓу МВР и германската полиција, односно БКА, особено во делот на лоцирање, односно лишување од слобода на лица по кои се трага со меѓународни потерници, на 29.11.2019 година во Хамбург,Германија уапсен е Р.Б. (37), по кој трага нашата држава со 11 национални потерници, од кои 1 меѓународна. Истиот е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територија на нашата држава и е едно од најбараните лица по кои трага нашата држава. За Р.Б. се донесени повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и 5 месеци.
Со интензивна комуникација помеѓу Отсекот за меѓународни потраги по лица при Секторот за меѓународна полициска соработка со германскиот полициски офицер за врска, ИНТЕРПОЛ Визбаден, Германија, како и директен контакт со ФАСТ единицата во Хамбург (Fugitive Active Search Team - Единица која активно трага по најбраните криминалци), Германија, за два месеца лицето е лоцирано и лишено од слобода во Германија.
Само за потсетување, ова е втор случај на директна комуникација во последниве неколку месеци со полицијата од Хамбург, односно со ФАСТ единицата, после оној во август 2019, кога во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со интензивна размена на информации преку германскиот полициски офицер за врска за германски државјанин, за кого имаше активна меѓународна потерница, поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, истиот беше лишен од слобода во Северна Македонија. Покрај ова, како резултат на продлабочената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија и германската полиција за неколку месеци лишени се од слобода околу 30-тина лица по кои трага нашата држава со меѓународни потерници, осомничени за различни кривични дела, со цел екстрадиција кон Северна Македонија.
Со координирањето на полициските активности и одличната соработка помеѓу Отсекот за меѓународна потрага по лица при СМПС и Единицата запотраги при СВР Скопје, во делот на лоцирање на лица по кои трага нашата држава, како на национално, така и на меѓународно ниво, МВР ги зајакнува односите помеѓу организациските единици и се продлабочува соработката, што директно придонесува за подобрување на работата на МВР во делот на потрагата по лица.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки