Во Грузија ликвидиран осомничениот организатор на нападот во Истанбул во јуни 2016
Поранешен борец на групата Исламска држава (ИД), кој е осомничен како организатор на нападот на аеродромот во Истанбул во јуни 2016 година, бил ликвидиран минатата недела при операција на тајните служби на Грузија, соопшти денеска портпаролката на грузиската Служба за државна безбедност, Нино Гиоргобиани.
- Потврдено е дека еден од тројцата убиени во операцијата на 22 ноември е Чеченецот, Ахмед Чатаев, изјави Гиоргобиани.
Според неа, идентитетот на Чатаев била утврден со помош на американското Федерално истражно биро (ФБИ) преку ДНК анализа и отпечатоци.
Во самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот „Кемал Ататурк" во Истанбул на 28 јуни 2016 година, загинаа 45 лица а десетици беа повредени.
Турските власти го посочија Ахмед Чатаев, поранешен регионален командант на ИД, како можен организатор на терористичкиот напад.
Ново на Сител
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија