Во Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен Нил
Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица.
Дополнително, во изминатиот период постојат и четири увезени случаи, три од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.
Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е речиси во цела Грција, со потврдени случаи во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Вирусот во земјата беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.
Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.
Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.
Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување