Во градинки лани биле згрижени речиси 36 илјади деца
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој се регистрирани 35 932 деца, што e зголемување од 14.8 % во однос на 2021 година.
Со годишните извештаи во 2022 година се опфатени 113 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 8.7 % повеќе во однос на 2021.
Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до шест години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до две години, групи на деца во развоен период од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип