Свет
22. February 2025 - 14:33

Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев

Едно лице е убиено во близина на Киев во најновиот руски напад со дрон врз Украина, соопштија денеска властите, јави ДПА.

Мажот, 60-годишен чувар кој работел на железнички премин, им подлегнал на повредите пред да пристигнат лекарите, соопшти регионалната администрација на Киев на Телеграм.

Поради нападот избувнал пожар во магацин, а пукнале стакла од станбена зграда и објект за тренинг.

Русија во текот на ноќта лансирала 162 дронови од кои 82 биле соборени, соопшти украинската воздушна одбрана.

Штети биле пријавени и во регионите Харков и Дњепропетровск./МИА

Околу 75 од беспилотните летала не носеле експлозиви и исчезнале од радарот без никакви дополнителни удари.

Не е можно самостојно да се проверат информациите од воената зона, нагласува ДПА.