Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
Во грабежот на златарата во Гостивар, разбојниците одзеле 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра. Од Министерството за внатрешни работи велат дека четирите лица со маски и автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница која е во сопственост на С.Ж. од Гостивар, а по извршувањето на делото побегнале со автомобил „бмв х3“ без регистарски таблички.
Петнаесетина минути по пријавата, на регионалниот пат Мавровска крстосница е пронајдено опожареното возило, а при вршење на увидот, во возилото било пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини