Во Гостивар одбележан Денот на Македонската револуционерна борба
Со свечен собир и пригодна манифестација во Гостивар, вечерва, беше одбележан Денот на Македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври. Прославата заеднички ја организираа гостиварската гимназија и општинскиот одбор на Сојузот на борци.
- Македонската револуционерна организација даде плејада истакнати дејци и идеолози за создавање на сопствена држава: Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански... Тие беа само јадрото на револуционери и водачи на македонскиот народ, истакна во својот реферат професорката по историја Светлана Јованоска.
Таа потсети на настаните врзани со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација и нејзиното значење за македонското револуционерно движење.
Одбележувањето на 23 Октомври беше збогатено со културно-уметничка програма што ја подготвија гимназијалците со своите професори. Присутните имаа можност да слушнат познати цитати од македонските револуционери во интерпретација на средношколците.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови
-
Сведокот Гоце Трајковски на судењето за убиството на Вања и Панче рече дека добивал закани од партијата Десна
-
Флик: Се стремиме да постигнеме многу голови - тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот
-
Инзаги по поразот од Фиорентина: Заслужено загубивме, одговорноста е моја
-
Над четири килограми дрога лани запленила полицијата на подрачјето на СВР Охрид
-
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис повторно ќе бидат соиграчи за Ол-стар натпреварот во НБА