Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби

Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Тетово. По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна.
-Нема потреба за паника, граѓаните, и родители и сите наставници во училиштата треба да бидат спокојни. Се работи за лажни дојави, за бомби секаде кај што го направивме. Ова се работи и сите проверки укажаа дека се работи за лажни дојави за бомби. Се работи за повеќе од 240 дојави. Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки. Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави, истакна Јанев.
Се истражува која е целта и заднината на овие лажни дојави.
-Веќе сме во соработка со нашите партнери од Интерпол и од Европол. Имаме одредени траги еве ако може така да се изразам и имаме комуницирано и со колегите од Хрватска и со колегите од Унгарија коишто Хрватска пред неколку дена се соочи со истото а Унгарија, мислам дека некаде околу 23 јануари се има соочено со истите ситуации. Полицијата дополнително со сите директори на училиштата разговараат и точно добива ќе добијат во текот на денот јасни инструкции како и што понатаму треба да се прави во иднина, доколку се појави сето тоа, посочи Јанев.
МВР ќе ги преземе сите превентивни и репресивни мерки доколку има потреба и ќе открива зошто се прават вакви лажни дојави, рече директорот на новинарските прашања.
-Веќе има дополнителни состаноци помеѓу повеќе министерства, ќе соработуваме во иднина како што треба, задоволен сум дека немаше паника. Секогаш има на некого на којшто не му одговара да бидеме стабилни и безбедни, односно преку едни вакви хибридни или симулација на одредени напади или дојави за да може да направат или да го дефокусираат безбедносниот систем во државата. Македонската полиција, сите агенции за спроведување на законот во изминатите месеци покажаа јасна и неселективна и одлучна борба против сите видови на криминал, истакна Александар Јанев во Тетово.
На градскиот плоштад во Тетово во организација на Бирото за јавна безбедност денес се одржи караванот „До вас, за вас“ со цел едукативни интерактивни активности за граѓаните на тема превенција на криминалот во државата, како и грижа на заедницата.
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
