Во голем дел од Венецуела повторно нема струја
Денеска дојде до нов голем прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку региони во Венецуела.
Струјата постепено почна да се враќа во домовите на луѓето откако беше прекината пред два дена, но денеска повторно нема струја во области каде што веќе беше обновена.
Во исто време, голем пожар избувнал во трафостаница во Боливар, соопшти порталот Национал. Од локацијата излегува густ, црн чад, а локалните власти досега не ја соопштија причината за пожарот.
Колапсот на енергетскиот систем се случи на 7 март поради хаварија. Националната компанија за електрична енергија соопшти дека колапсот бил резултат на пренасочување и оти „е епизода од енергетската војна против Венецуела“.
Владата во Каракас денеска соопшти дека ќе поднесе жалба до високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет, поради „саботажа“ на електромрежата, за која властите на земјата го обвинуваат „американскиот империјализам“.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го обвини „американскиот империјализам“ за оваа саботажа, а Стејт департментот негираше каква било вмешаност.
Ново на Сител
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата