Во Ѓорче доделени 30 решенија за легализација
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски додели нови 30 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
- Ова е голем ден за сите нас. Сега можеме да кажеме дека куќите се наши. Сега имаме легални објекти кои ќе ги наследат нашите деца и тоа е за сите нас големо олеснување затоа што проблемот со дивоградбите години наназад ни изгледаше нерешлив, истакна еден од граѓаните по подигањето на документите за легализација.
Градоначалникот Митровски апелираше до сите граѓани од општината Ѓорче Петров чии предмети подолго време се готови, да дојдат во општината и да го регулираат плаќањето (едно евро за метар квадратен) со што ќе си го решат својот долгогодишен проблем и ќе добијат имотни листови.
- Од 14 илјади поднесени барања, имаме изработено и издадено 6.300, а 1.100 предмети се исто така готови, но граѓаните не ги подигнале. Проблемот со недоаѓање на граѓаните кои се благовремено известени да дојдат да си ги подигнат готовите предмети и понатаму се провлекува, истакна Митровски.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш