Во Гевгелиско над 80 пожари во првиот квартал од годината
Во првиот квартал од годинава на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран се случиле 85 пожари кои биле локализирани и изгаснати од страна на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија која дејствува во сите три општини на југоистокот.
Поради ова и фактот дека најголем дел од пожарите се случиле на отворен простор, градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков на денешниот состанок на Регионалниот штаб за превенција побара од претставниците на државните органи и јавни претпријатија да ги утврдат потребните превентивни мерки за заштита од пожари во пресрет на летниот период.
Во расправата беше нагласено дека треба да се побара од јавните комунални претпријатија да извршат проверка на исправноста на сите хидранти и да се формираат мешовити патролни служби кои редовно ќе вршат контроли, а беше побарано и заострување на казнената политика за предизвикувачите на пожари.
Покрај ова, од Дирекцијата за заштита и спасување ќе биде побарано итно да го пополни испразнетото работно место општински инспектор за пожари.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки