Во Гевгелија одбележани 115 години од смртта на Сава Михајлов
Со пригодна свеченост во Гевгелија беа одбележани 115 години од загинувањето на гевгелискиот војвода, илинденецот Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година сам си го одзел животот кај селото Смол во борба со турска војска.
По тој повод, денеска пред неговата биста во центарот на градот свежо цвеќе положија делегација на Општина Гевгелија предводена од градоначалникот Сашо Поцков, делегации на борците, политичките партии и здруженија на граѓани.
Во своето обраќање Јане Ташковски од боречката организација истакна дека Сава Михајлов бил близок соработник на Гоце Делчев и учетвувал во многу акции против отоманскиот поробувач.
– Сава бил учесник во грабнувањето на Мис Стон, како и во диверзијата на железничкиот мост на реката Вардар. Неговото име, кое никогаш нема да згасне, го носеше и првиот партизански одред формиран во овој регион, рече Ташковски.
Ново на Сител
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток