Во Франција уапсени Црногорци со 69 килограми кокаин
Пет црногорски државјани се уапсени во Франција откако полицијата во нивниот автомобил пронашла 69 килограми кокаин, вреден околу 2,5 милиони евра.
Според францускиот весник „Ле Поинт“, полицајците очекувале Црногорците да шверцуваат оружје, но сепак пронашле кокаин.
Полицијата го запрела автомобилот со кој уапсените се враќале од Шпанија, и после неколку часа претрес пронашле 69 килограми кокаин во пакувања од по еден килограм во таен бункер во возилото.
Меѓу уапсените бил и водачот на криминалната група и една жена.
По акцијата биле претресени и домовите на осомничените, во кои француската полиција запленила четири луксузни автомобили, два скапоцени часовници и 40.000 евра.
Францускиот весник наведува и дека бандата била во фокусот на вниманието на полицијата затоа што била многу активна во Париз, Шпанија и на Балканот.
Се очекува надлежните да запленат и недвижнини вредни околу 500.000 евра, за кои постои сомневање дека уапсените ги стекнале со криминални активности.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции