Во Франција потврдени 285 случаи на заразени со коронавирус
Во Франција досега се регистрирани 285 лица заразени со коронавирус, од кои 15 сериозни случаи. Тоа се последните официјални бројки, а властите очекуваат зголемување на бројот на заразените, јави дописникот на МИА.
Здравствените власти утврдија дека десетина лица се заразиле на Собирот на евангелистичката црква „Отворена врата“, кој се одржал од 17 до 24 февруари во Мулуз. Еден од заболените е доктор по општа медицина, Џонатан Петершмит, кој сведочи за неговата здравствена состојба.
– Бев внимателен, можеби е полесно за мене затоа што сум лекар. Започна со многу силна настинка, кашлица … Во мојот случај, ова не беа многу сериозни симптоми на грип. Да не слушнав за коронавирусот, не би се ни сомневал во тоа, вели Петершмит.
Министерот за здравство Оливие Веран потсети дека во 80 отсто од случаите, лицата кои биле тестирани и позитивни на тестот, ги имале истите симптоми како настинка, треска, температура, главоболка и потешки респираторни симптоми во 15 отсто од случаите.
Според епидемиолошкиот билтен, најмногу заболени од коронавирусот се на возраст меѓу 18 и 64 години (52 отсто). Потоа млади под 18 години (21 отсто), над 75 години (16 отсто) и од 65 до 74 години (11 отсто).
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг