-->
-->
Во Франција нови 561 смртни случаи во последните 24 часа
-->
Во Франција во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Во француските болници во моментот се лекуваат 31.826 пациенти заразени со коронавирус. Денеска се примени 1.688 нови пациенти.
Вечерва, 6.845 пациенти, кои се сметаат како сериозни случаи, се згрижени на интензивна нега.
Четврти ден по ред, бројот на пациенти на интензивна нега забележа намалување.
Од почетокот на епидемијата, во Франција се регистрирани 95.403 позитивни случаи, од кои 37.187 во домовите за стари лица и други медицинско-социјални установи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
