-->
-->
Во Фенербахче посакуваат само елиминација на Вардар
-->
Во Скопје од денеска се наоѓа турскиот фудбалски гигант Фенребахче, екипа која утре во рамките од баражот ќе го игра првиот натпревар од Лига Европа со македонскиот првак Вардар. Според стандардната процедура, гостите од Турција ја одржаа вообичаената прес конференција.
- Нашата главна цел е да се елиминира Вардар. Се надеваме дека ќе ја искористиме предоста што имаме како фаворит. Го анализиравме Вардар на дуелите со Копенхаген, но сега ќе имаме мал проблем особено што сега ќе имаат друг тренер, изјави тренерот на „фенер“ Ајкут Кочаман.
Тренерот на Фенербахче истакна и дека неговата екипа нема практика да купува млади играчи, но македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е исклучок и голем талент, со тоа што постепено ќе добива шанса. Елмас чека дозвола за настап бидејќи сеуште нема 18 години.
За стартните единаесет тренерот на гостите истакна дека ќе реши пред натпреварот особено што некои играчи имаат ситни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот