Во Екваторијална Гвинеја потврдено ширењето на смртоносниот вирус Марбург
Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Во централноафриканска земја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.
СЗО соопшти дека во Екваторијална Гвинеја покрај деветте смртни случаи, пријавени се 16 случаи на сомнителен вирусот Марбург, кои вклучуваат симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја.
Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.
Локалните здравствени власти првично пријавија случај на непозната болест која предизвикува хеморагична треска, а примерокот на 6 февруари беше испратен во лабораторија во Сенегал, што беше позитивен на вирусот Марбург.
Ново на Сител
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед