Во двете пријавување во гимназиите во Дебарско во прва година запишани само 67 ученици

Во трите средни општински училишта, колку што функцонираат во поширокиот дебарски регион, по второто пријавување во прва година, пополнети се само 67 од предвидените 544 ученички места.
Во СОУ„28 ноември “ во Дебар со Конкурсот на Министерството за образование и наука предвидена е квота од 340 ученички места, а се запишале 50 ученици, сите гимназиска насока. Од нив 14 за настава на македонски и 36 за албански наставен јазик.
-Тоа значи дека за третото пријавување, има 122 слободни места за настава на македонски и 168 за албански наставен јазик,од нив 34 за паралелката со градежно геодетска насока вели Арбана Пашоли педагог.
Во гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше,според секретарот Бошко Божиновски, предвидната квота за упис во прва година е 102 ученика,сите со настава на македонски настевен јазик. Запишани се 14 ученици ,што значи слободни се 88 места.
Директорот на гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, Аќиф Селман, потврди дека во оваа образовна установа, во двете пријавувања се запишани само тројца ученици, за настава на турски наставен јазик. Во оваа средношколска установа за третото пријавување, за настава на македонски слободни се 34 и 65 на турски наставен јазик.
Од трите училишта наведуваат дека во согласност со ресорното министерството се очекува намалување на потребниот минимум поени за третото пријавување што ќе ќе биде на први јули, за што веќе имаат доставено барања.
Тогаш очекуваат поголем одѕив, но имајќи ги во предвид изминатите години предвидената бројка повеќе од сигурно е дека нема да биде целосно пополнета.
Причини се помалиот број на ученици во деветолетките поради миграцијата,како и тоа дека дел од полуматурантите се запишуваат во средни стручни училишпта во државава на што секако влијае и бесплатниот престој во ученичките домови.
Ново на Сител
-

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа
-

МЗ: Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби
-

Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети
-

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата
-

Анонимен донатор ја спасува привремено американската војска од блокада на платите
-

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
-

Македонија со 23 кикбоксери на „ВАКО Балкан опен 2025“ во Тешањ
-

Трамп вели дека сака Кина да „помогне“ во односите со Русија
