Во Дубаи почна да работи првата смарт полициска станица во светот
Во крајбрежен станбен кварт во Дубаи, почна да работи првата смарт полициска станица во светот. Таа се простира на околу 120 квадратни метри и поделена е на три оддели - чекална, изложбен дел и одделение за услуги.
Откако ќе влезат во „паметната“ полициска станица, граѓаните извлекуваат број, а додека чекаат можат да играат игра, која ги учи на безбедно возење. Во одделението за услуги, со притискање на електронската табла почнуваат разговор со полицајци, кои се онлајн 24 часа, но работат од дома.
Сервисите се на шест јазици и пружаат 60 видови услуги, вклучувајќи плаќање сообраќајни казни, добивање потврди, пријавување инциденти или сообраќајни несреќи. Освен тоа, жителите на тој дел на Дубаи, можат да пријават изгубени и пронајдени предмети.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини