Во Драч уапсен гостиварец при обид за шверц на цигари за Италија
Албанската полиција во пристанишинот град Драч уапсила македонски државјанин, во обид да прошверцува 309 штеки цигари.
Цигарите биле откриени во автобус кој од Македонија, преку Албанија требало да замине за Италија со траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.
Уапсен е Ќ.С.(32) жител на Гостивар, возач на автобусот, кој всушност и се обидел да ги прошверцува цигарите, главно малборо,вилсон,бос и вест.
-Службите на граничната полиција, во спроведувањето на дополнителни мерки за спречување, откривање и казнување на недозволена трговија со акцизна стока, во соработка со царинските служби, при контрола на втората линија на автобуси и камиони, во автобус од Македонија,со кој управуваше Ќ.С. открија скриени внатре во автобусот 309 стеки со цигари од различни марки кои не биле пријавени од страна на возачот на автобусот, стои во полициското соопштение.
Се додава дека Ќ.С. жител на Гоствар,пред судот во Драч ќе одговара за кривично дело „недозволена трговија со стока за која се плаќа акциза“ и „Трговија и транспорт на шверцувана стока“
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур