Во девет сообраќајки пет лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајки од кои четири се со последици материјална штета, а пет се со последица телесни повреди со кои се здобиле пет лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи за време на управување на моторните возила биле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло на семафорот, осум лица за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Затекнати се и тројца возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 74 возила.
Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Пинокио“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-
Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие
-
Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
-
Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
-
Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
-
Дел од Аеродром без струја
-
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно
-
Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници
-
Трамп му дава на Путин три дена за прекин на огнот во Украина