Во Дебарско досега вакцинирани над девет илјади лица, состојбата со заразата се влошува
Во модуларната болница при Општата болница со проширена дејност во Дебар и денеска непречено се одвиваше процесот на вакцинација на жители од оваа и општина Центар Жупа, но и на иселеници кои се на одмор во родниот крај.
Како што информираше Баки Алили, директор на болницата, пристигнала нова пратка со вакцини и тоа 1.000 дози од Фајзер и 300 од Синофарм, а располагаат и со вакцини од Астра Зенека, што подразбира дека продолжува непречено процесот на имунизација.
-До сега во нашата установа и претходно во вакциналните пунктови во Скопје и Охрид, вакцинирани се над 7.700 лица од нив ревакцинирани се околу пет илјади. Освен постојани жители во општините Дебар и Центар Жупа, во нашата установа овој месец се вакцинираа и иселенци кои во родниот крај се на одмор, до сега околу 150, како и жители од други градови во државава (педееттина) а кои од пролет до есен престојуваат во нивните родни села, додава Алили.
Потврдува дека епидемиолошката состојба во ова подрачје се влошува, што го покажува и бројот на новозаразени, на хоспитализирани, како и починати.
-Моментно во нашата установа хоспиталзирани се 29 пациенти, од нив 18 во инфективото одделение, сите на кислородна подршка и 11 во хирушкото одделение, кое од вчера исто така стана ковид центар, од нив шест на кислородна подршка. Поради потешка клиничка слика, во здравствени установи во Скопје деновиве беа транспортирани три лица од нашето подрачје, вели Алили.
Во изминатите шест дена, регистриеани се 95 нови случаи а како последица од опасниот вирус пет лица починале. Моментно во двете општини активни на болеста се 168 лица.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
