Македонија
19. October 2021 - 13:31

Во Дебар тесна битка за градоначалник во вториот круг, во Центар Жупа се повторува изборниот процес

Во општина Дебар на 31 октомври ќе се одржи вториот круг од гласањето за градоналник, додека во општна Центар Жупа целиот изборен процес ќе биде повторен.

Во Дебар потребниот цензус од 1/3 од вкупно запишанте гласачи беше исполнет, но ниту еден од кандидатите не обезбеди 51 отсто од излезените гласачи.

Во вториот круг ќе се води тесна битка помеѓу Беким Поцеста, кандидат на Алјнсата за Албанците-Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој во неделата вечерта славеше победа и Хекуран Дука од ДУИ, подржан од СДСМ коалцијата.

-На неделните избори Поцеста доби 3.998 или 49,69 од вкупно излезените 8.084 гласачи, Дука 3.713 гласови или 46,15 отсто, додека Петрит Клења, кандидат на ДПА освои 37 гласови. Неважечки се 298 ливчиња. Во единственот избрачки спсок во општната се 19.211 лица, изјавија од ОИК- Дебар.

Според ОИК, во новиот совет на општина Дебар кој брои 15 членови, шест обезбедија ДУИ, пет Алијансата за Албанците-Алтернатива, додека по две советнички места имаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Центар Жупа целиот изборен процес се повторува.Таму има двајца кадидати за градоначалник, Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој осови 1.342 гласови или околу 72 отсто и Шаии Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците, кој освоил 482 гласови или 26 отсто.

Во единственот избирачки спсок во ова општина запишани се 7.317 граѓани со право на глас, а тоа право во неделата го искористиле 25,77 отсто, со што не е обезбеден цензусот од над 33 отсто.