Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара

Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновија за новата ера.
За време на билатералните разговори Трамп и Стармер денеска потпишаа договор за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот .
Стармер на почетокот изјави дека во текот на разговарите биле отворени прашањата за зајакнување на одбраната, дополнителната поддршка за Украина и „решително зголемување на притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.
Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.
„Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
Потоа тој рече дека ќе „види како сето тоа ќе се развива“ и додаде дека верува дека ќе се постигне договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.
„Се случуваат работи што се сосема спротивни од она што го мислите, мислевте дека ќе биде лесно или тешко, а се покажува обратно“, рече Трамп.
Запрашан дали е време да се изврши притисок врз Путин за тој да се исплаши, американскиот претседател кусо возврати „Да“.
Трамп беше прашан од британски новинар дали погрешил што го покани Путин на Алјаска и дали се кае за тоа, на што, исто така, кусо одговори „Не“, но рече дека смета дека сега е време да се изврши притисок врз рускиот претседател, тој да се исплаши и да му се воведат санкции.
Тој зборуваше и за други конфликти во светот во кои, како што наведува, има заслуги за мирот, а потоа се врати на конфликтот во Украина.
„Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести за вас“, рече Трамп и додаде „ќе ви го кажам и ова: милиони луѓе загинаа во таа војна, милиони души, а тие не се Американци. Тие се претежно војници, тие се убиваат во размер невиден од Втората светска војна. Чувствувам обврска да се осврнам на тоа поради тоа“.
Британскиот премиер ја нагласи потребата од продолжување на зголемувањето на притисокот врз рускиот лидер, потсетувајќи на инцидентот од минатата недела кога руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.
МИА
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
