Во Дебар избоден со нож сопственик на кафе-бар

Во кафе-бар во центарот на Дебар, денеска е нападнат сопственик на кафуле кому му се нанесени убодни рани од нож.
-Денеска околу 10 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар, пријавено е дека Б.П.(47) од Дебар, додека бил во сопствениот кафе-бар, од машко лице бил нападнат со остар предмет. ОВР Дебар, работи на расчистување на случајот, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Од Општата болница со проширена дејност во Дебар, информраат дека Б.П.имал убодни рани од нож во пределот на вратот и градниот кош.
-Во 9:55 часот добиен е повик до брзата помош,која веднаш се упати на самото место. Повредениот Б.П. беше донесен во ургентната единица, каде беше констатирано дека има убоднам отворена рана на вратот од левата страна, убодна рана на десната страна на градниот кош и помала посекотина на десната рака, изјави за МИА, Баки Халили, директор на болницата.
Додаде дека виталните параметри на повредениот биле во нормала, единствено имал низок крвен притисок. По дадената прва медицнска помош транспортиран е во Клиничкиот центар во Скопје.
Според Халили, во придружба биле двајца лекари и медицинска сестра, кои повредениот, како што го информирале, го предале во стабилна состојба, по што веднаш бил внесен во хирушка сала.
Дебарската јавност е згрозена од овој насилен чин. Се шпекулира дека дебарската полиција веќе привела жител на градот.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
