Во Дебар еден новозаразен и еден оздравен пациент од КОВИД-19
По три дена, во Дебар во последното деноноќие е регистрирано едно новозаразено лице со КОВИД-19 или вкупно 29 случаи во изминатите денови од овој месец.
Тоа значи дека во просек дневно се регистрирани по околу 1,6 новозаразени. Најмногу новозаболени имало на први август, 10 и на осми август, шест лица.
Во последното деноноќие битката со вирусот ја добило едно лице, а починати нема. Во изминатитите денови од овој медец починале двајца пациенти, на први и на девети или осум од почетокот на пандемијата.
Според надлежните, од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје направени се над 1.100 тестови,позитивни се 227, дури 90 отсто од нив во Дебар, останатите во општина Центар Жупа, повеќето во селото Броштица.
Од вкупниот број заразени лица до сега, во списокот на оздравени се впишани 152, најмногу од нив на 14 август, дури 60.
– Активни на болеста се 67, поголемиот процент со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови со посета на матичен лекар, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а само десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје, велат од Општинскиот оперативен штаб и уште еднаш апелираат да се почитуваат препораките за заштита.
Во ова подрачје поголемиот број од заразените се во втората фаза од болеста. Во првата фаза беа регистрирани 51 случај, од нив двајца од Цетар Жупа од кои четворица починаа, жена од Центар Жупа и тројца мажи од Дебар. Останатите 176 заразени се од втората фаза, од 5 јуни до денес.
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Куманово, при претрес на дом пронајдена е дрога
-
Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши
-
МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во државата
-
Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани
-
Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем
-
Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството
-
Гаши: Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август
-
Таравари за излегување на Алијанса за Албанците од Влада одлучува премиерот