Во Дебар деветти ден нема новозаразени, на лекување се уште двајца
Во Дебар веќе деветти ден нема новодијагностицирани случаи со Ковид-19, со што бројката на заразени останува 51 лице.
-Официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со Ковид-19. Тоа значи дека вкупната бројка на заразени останува 51 лице. Од нив, 45 се целосно оздравени, додека уште две лица кои се на домашно лекување по два дена треба да се ретестираат. За жал, четворица починаа. Во самоизолација се 41 лице, рече денеска на прес-конференција градоначалникот Хекуран
Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Информираше дека безбедносната состојба е стабилна, целосно е почитувана забраната за движење, не се евидентирани кражби, сообраќајни незгоди и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.
Додаде дека е регистрирано едно нелегално минување на албанско-македонската граница и против тоа лице се преземени сите законски мерки.
-Апелираме до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките на надележните. Сега задолжително е носење заштитна маска и ракавици. Значи ги повикуваме граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат препораките за нивно и за доброто на сите, апелираше Дука.
Градоначалникот во оваа пригода до сите верници од исламска вероисповед упати честитка по повод светиот месец Рамазан, со желби за лесен пост, хармонија во
семејствата, здравје и успеси во животот.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури
-
Кавадарци: Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МВР покрена постапка за националистичкото скандирање на Шкендија-Карабах