Македонија
6. August 2025 - 18:10

Возило изгоре на паркинг во Велес

Во СВР Велес, синоќа околу 19:35 часот било пријавено дека на паркинг простор на улица Лазо Осмаков“ во Велес настанал пожар во патничко возило цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Велес.

-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

МИА