Во чест на Рамазан во Кавадарци поделени 70 хуманитарни пакети
Во рамките на празнувањето на Рамазан Бајрам, во кавадаречката џамија вчера беа поделени 70 хуманитарни пакети на социјално загрозени лица.
Како што информира имамот на џамијата, Тархан Шабанов, тоа се прави бидејќи во месецот на рамазанскиот пост муслиманите треба да бидат дарежливи и тоа не само кон луѓе од својата вера, туку и од другите вери.
- Хуманитарната помош ја обезбеди Исламската верска заедница со помош на донатори. Се работи за прехранбени пакети, секој во вредност од околу три илјади денари. Во Криволак се поделени 10, а во муфтивството во Велес околу 150 пакети, соопшти имамот.
На овој начин, нагласи тој, Исламската верска заедница докажува дека муслиманите во овој месец Рамазан се многу дарежливи. Се обединуваат да помогнат на социјално загрозените за сите семејства да бидат радосни.
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители