Во Челопек вчера убиените се татко и син на возраст од 52 и 28 години, најдени три пиштоли
Двајца од убиените во тетовски Челопек се татко и син на возраст од 52 и 28 години, а повредениот е 54 годишник, сите роднини на осомничениот убиец.
СВР Тетово денескa соопшти дека се најдени три пиштоли на местото, а телата на починатите се дадени на обдукција.
-На 27.12.2023 околу 14.30 часот во село Челопек, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.И.(59) од село Челопек, постапувајќи по пријава дека околу 14.10 часот во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28), а го повредил А.Џ.(54), сите од истото село. Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, информираше денеска портпаролот Марјан Јосифоски.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.
-При увидот биле пронајдени и одземени три пиштоли. Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите Ф.Џ. и М.Џ.. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција, информираше портпаролот Јосифоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад