-->
-->
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Како што информира МВР, во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност