Во Бугарија 18 мигранти пронајдени мртви во камион
Осумнаесет мигранти денеска се пронајдени мртви во камион во Бугарија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Според првичните информации, возилото нелегално превезувало околу четириесетина мигранти “, соопшти Министерството. Засега не е позната причината за смртта, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа. Според софиски медиуми еден човек е приведен, а се трага по уште две други лица.
Локалните жители ја известиле полицијата за напуштен камион кај селото Локорско, на дваесетина километри од главниот град Софија. Се трага по криумчарите кои избегале, соопшти Министерството, додавајќи дека 11 повредени од камионот се пренесени во болница.
Од минатата година, Бугарија бележи зголемен број на илегална имиграција на нејзина територија и покрај изградбата на жичена ограда долга 234 километри долж границата со Турција.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
