Во Бугарија 18 мигранти пронајдени мртви во камион
Осумнаесет мигранти денеска се пронајдени мртви во камион во Бугарија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Според првичните информации, возилото нелегално превезувало околу четириесетина мигранти “, соопшти Министерството. Засега не е позната причината за смртта, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа. Според софиски медиуми еден човек е приведен, а се трага по уште две други лица.
Локалните жители ја известиле полицијата за напуштен камион кај селото Локорско, на дваесетина километри од главниот град Софија. Се трага по криумчарите кои избегале, соопшти Министерството, додавајќи дека 11 повредени од камионот се пренесени во болница.
Од минатата година, Бугарија бележи зголемен број на илегална имиграција на нејзина територија и покрај изградбата на жичена ограда долга 234 километри долж границата со Турција.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
