-->
-->
Во Британија потврдена трета мутација на коронавирусот
-->
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денес потврди дека во Велика Британија се откриени два случаи на друг, нов вид на коронавирус, и дека станува збор за контакти на лица кои пристигнале од Јужна Африка минатата недела.
Тој на прес-конференцијата рече дека ваквиот развој на ситуацијата е уште позагрижувачки затоа што новиот вид е уште полесен за пренесување и се чини дека може да продолжи да мутира, пренесува Sky News.
Кога станува збор за нивоата на тревога, тој рече дека одредени делови на Англија ќе бидат поставени на највисоко, четврто ниво поради појавата на нов вид на вирус.
Како што прецизираше, источните и јужните делови на Англија ќе бидат поставени на четврто ниво, додека ситуацијата на југозападот е мирна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници