Македонија
18. December 2024 - 14:57

Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

- На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите, напиша премиерот Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.