Во Босилово референдум за рудникот Иловица
Жителите на општина Босилово денеска на рефенерендум се изјаснуваат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.
Правото за изјаснување на референдум жителите на Босилово може да го остварат на 19 гласачки места.
На единствениот гласачки список се запишани 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, да биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.
Од Општинската изборна комисија информираа дека во општина Босилово вчера своето право на глас го оствариле четири лица кои се пријавиле како болни и изнемоштени и нивните ливчиња се затворени до утрешното пребројување.
Во струмичкиот регион, за работењето на рудници, на 17 септември на референдум ќе се изјаснат и жителите на општина Ново Село.
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија