Во близина на албанската граница пристигнаа првите бегалци
Првата поголема група бегалци пристигна блиску до албанската границата со Грција, јави дописникот на МИА од Тирана.
Група од 162. бегалци, главно семејства со деца, која тргнала од пристаништето Пиреја, синоќа пристигнале во Коница, кај грчкиот пограничен град Јанина, на 12 километри од границата со Албанија,кај преминот „Три мостови“.
Станува збор за сириски државјани, кои грчките власти ги згрижиле во гиманзиската зграда во селото.
- Автобусите со сириските бегалци пристигнале околу 19 часот и биле пречекани од локалната власт на Коница, жители на селото, како и претставници на Црвен крст. Жителите веднаш им излегле во пресрет и ги помогнале со се што можеле, храна, облека и ќебиња, јави тиранската телевизија Топ-чанел.
Албанската полиција веќе го зајакна присуството на границата со Грција, а деновиве на албанските безбедосни сили треба да им се приклучат и италијански полициски експерти.
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите