Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после полноќ
Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот 03/04.05 во периодот од 21.00 до 03.00 часот по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола. Притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24.00 часот, потоа во билијард клуб лоциран на улицата „Булевар 1-ви Мај“ биле затекнати двајца малолетници после 24.00 часот, а додека пак во билјард клуб лоциран на улицата „Белградска“ затекнати биле уште 13 малолетници, при што кај седумина од нив било констатирано дека конзумирале алкохол. По претходни известувања, малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
Идентична акциска контрола беше спроведена и во Охрид од страна на полициски службеници при СВР Охрид, при што во еден објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ биле затекнати шест малолетни лица. Против правниот субјект и одговорното лице, кои овозможиле присуство на малолетници во угостителски објект по 24 часот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку и на подрачјето на СВР Велес, односно во Велес во текот на изминатата вечер и денес во раните утрински часови беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти. Притоа, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, во два угостителски објекти било констатирано дека има надминување на дозволената јачина, односно на музика погласна од дозволеното, со што е констатирано нарушување на јавниот ред и мир, така што по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби