Во Битола собрани 500 вреќи комунален отпад
Општинската администрација на Општина Битола еколошкиот викенд го реализира на три локации во овој град каде беа собрани 500 вреќи комунален отпад.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека административците чистеле во населбата „Карпош“, во непосредна близина на Градската библиотека и во Нова Битола кај тамошниот градски пазар.
– Во акцијата учествуваа вработените во администрацијата на Општина Битола, но и вработени во администрацијата на други локални и национални институции во градот. Се чистеше на три локации и собрани се над 500 големи вреќи полни со комунален отпад. Логистичка поддршка со механизација и ресурси овозможи ЈП „Комуналец“ со чии специјализирани возила, отпадот е отстранет, информираа од секторот на односи со јавност на Општина Битола.
Општина Битола апелира граѓаните отпадот да го фрлаат на соодветни места, корпи и контејнери, да го селектираат отпадот или да побараат поддршка за гломазен или електронски отпад од ЈП „Комуналец“-Битола.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора