Во Битола одбележан Светскиот ден на дијабетесот

Светскиот ден за борба против дијабетес, во Битола се одбележа со едукативен настан на тема „Подигнување на свеста за лицата со дијабетес 1“, кој го организираа наставници од основното училиште „Св.Климент Охридски“.
Јавна поддршка на основците и наставниците од тоа училиште даде градоначалникот на Битола Наташа Петровска, според која вклучувањето на образовните институции за вакви настани е исклучително важно.
-Дијабетесот е состојба, нешто со кое што треба да се бориме доколку го имаме како појава во организмот, а не како нешто што претставува опасност за околината. Севкупно гледано, ова е јакнење на свеста и кај младата популација и кај целокупното општество за тоа како треба да се поставуваме, но и да се однесуваме кон пречките на животот, меѓу другото и со дијабетесот, посочи Петровска.
За раното соочување со дијабетесот кај децата, за се пониската граница на возраст на појава, како и за стигматизацијата на лицата со дијабетес од страна на општеството, на едукативниот настан во Битола говореше Мирјана Младеновска, специјалист-интернист дијабетолог.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
