Во Битола одбележан Меѓународниот ден на стари лица
Градоначалникот на Битола Наташа Петровска ги посети лицата згрижени во Домот за стари лица во Битола „Сју Рајдер“, и според востановената традиција им го честита Меѓународниот ден на стари лица.
На средбата со старите лица и раководството на установата, градоначалничката Петровска беше информирана за работата на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и условите во кои старите лица го живеат своето секојдневие.
- На старите лица им возвраќаме со грижа каква што заслужуваат. Секоја власт, локална или централна треба да работи во таа насока. Демографската слика во државата, за жал не ни е на завидно ниво и покажува дека населението ни старее. Но, ќе го вложиме својот максимум, за живот на овие простори, како би имале соодветна грижа и старите лица, истакна Петровска.
Дом за стари лица „Сју Рајдер“-Битола во моментов згрижува околу 160 лица на кои им се овозможени грижа на високо ниво, храна, сместување, медицинска заштита и нега.
- Интересот за згрижување на стари лица во Домот „Сју Рајдер“ е голем, но со соодветен начин на менаџирање, листите на чекање, постепено се намалуваат, информираа од установата.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична