Во Битола одбележан 8 мај - Денот на завршувањето на Втората светска војна
Ученици и професорите од средното училиште „Ла Рокел“ од Кутанс, Нормандија - Република Франција заедно со учениците и професорите од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ денеска на Француските гробишта во Битола го одбележаа 8 мај - Денот на завршувањето на Втората светска војна.
На заедничката средба, француската амбасадорка во Македонија, Лорен Оер посочи дека славењето на 8 мај - Денот кога заврши Втората светска војна е исклучително важно и, како што рече „затоа ние се одлучивме одбележувањето да го реализираме на ова свето место, на Француските гробишта во Битола“.
- Тука сме со надеж дека новите генерации ќе ја сфатат големината на тоа што значи мирот и колку е лоша војната и дека не треба да се губат човечки животи. Се борам за да нема граници меѓу народите, верувам во еден подобар свет во кој секако дека ќе биде и Македонија, истакна Оер.
Во чест на големиот ден и пријателството меѓу двата народа, учениците од Франција изработија скулптура од камен која го симболизира сеќавањето на минатото и обврските кои произлегуваат за иднината. Плочите се напишани на македонски и француски јазик и секој посетител на Француските гробишта во Битола ќе прочита „Почит кон овие луѓе“, „Мир, Европа, братство“, „Почит кон Македонскиот народ“.
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче