Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
Преку панел-дискусија, родителите на деца со попреченост од Струмица повторно ја отворија темата за измена на Законот за социјална заштита и регулирање на нивниот статус. Тие остануваат цврсто на ставот дека овие измени се неопходни и дека државата мора системски да ги поддржи со редовни месечни примања.
Родителите јасно порачаа дека не бараат ниту привилегии, ниту милостина, туку еднакви права и можност за достоинствена егзистенција, која во моментов им е ускратена. Најголемиот дел од нив, велат, се принудени да ги напуштат своите работни места за целосно да се посветат на грижата за своето дете.
За д-р Ѓорги Јанев, специјалист по медицина на трудот и доктор на науки во областа на здравствена политика и менаџмент, барањата на родителите се целосно оправдани. Тој смета дека законски измени се неопходни, но предупредува дека пред да се преземат какви било конкретни чекори, мора да се воспостави национален регистар на лица со попреченост.
Освен претставници од невладините организаци, на панел дискусијата присуствуваа и голем број граѓани, пратеници, советници, стручни лица, но и претставници од верските заедници. Организатор на панелот беше невладината Вера од каде и стартуваше иницијативата за измени во законот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар