Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија
Утрово во Берово со измерени нула степени Целзиусови е најстудено, додека со 9 степени најтопло е во 9 Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија.
На Попова Шапка и Крива Паланка се измерени 3 степени, 4 во Струмица, Тетово и Битола, 5 Прилеп и Лазарополе, 6 степени во Крушево, Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес и Куманово и 7 степени во Виница.
За изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд е наврнат во дебар со 2 литри на метар квадратен, потоа, 1 на Попова Шапка, Лазарополе и Маврови Анови.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со магла и ниска облачност особено долж Повардарието. Дуваше слаб претежно јужен ветер. До изутрина претежно во западните а потоа и во северните делови започнаа повремени врнежи од дожд, а ветерот е претежно југоисточен.
Времето денеска наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд наместа пообилни (над 35 л/м²), на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани