Во Белград вечерва трет протест под слоганот „Србија против насилството“
Протестот „Србија против насилството“, на кој повика проевропската парламентарната опозиција, денеска по трет пат ќе се одржи пред српското Собрание, со почеток во 18 часот, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што му е соопштено на овој весник во опозициските кругови, содржината на неколку претпоставени и договорени сценарија за денешниот протест се чуваат во тајност за да се спречат манипулации.
Протестот „Србија против насилството“ во два наврати собра десетици илјади граѓани на белградските улици и според бројни проценки беше оценет како најголем собир во последните две децении во Србија.
Минатиот петок на 12 мај беше блокиран мостот Газела цели два часа.
Реакцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на власите, беше минимизирана и за бројот на демонстранти на тие протести и за квалитетот и содржината на нивните барања, но сепак во собранието вчера започна седница на барањето на опозицијата на која се расправа за барањата од протестите, по двата трагични настани во кои беа убиени 18 луѓе.
Во меѓувреме, во вторникот, на 16 мај, земјоделците ширум Србија започнаа протести, незадоволни од односот на државата кон нивната работа и егзистенција.
Тие протести се интензивираа во последните два дена, а блокадите почнаа да се шират низ цела Србија.
И покрај тоа што нема допирни точки во однос на конкретни барања во однос на власта, што ги поставија организаторите на протестот „Србија против насилството“ и незадоволните земјоделци, постои можност нивниот протест да се „вкрсти“ денес во Белград, бидејќи земјоделците од Шумадија се упатија кон Белград, а можност да им се придружат најавија земјоделците од повеќе градови во Војводина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар