Во Белград пријавена епидемија на морбили

Градскиот завод за јавно здравје пријави епидемија на мали сипаници во Белград, но тоа не значи дека е прогласена епидемија, што би подразбирало одредени мерки како забрана на посети во болници, јавни собири и слично.
Заводите имаат обврска да го пријавуваат секој случај на зараза, а со оглед на тоа дека морбилите се болест која е предвидена за елиминација, и еден случај се смета за епидемија.
Во Белград не е прогласена епидемија, а тоа може да го направи само Министерството за здравство на предлог на Институтот за јавно здравје Батут, јави Танјуг.
Епидемија на некоја заразна болест се прогласува кога постои масовно заболување на луѓе со тежок облик на болеста, па дури и со смртен исход. Епидемија може да се прогласи и кога болеста има влијание врз економските и социјални текови.
Во Белград од морбили се заболени пет лица и сите тие биле во контакт со лица од Косово.
Заболените не биле ванкционирани, односно се со „непознат вакцинален статус“.
Од почетокот на октомври, на територијата на Србија, како и во српските енклави во Косово, регистрирани се 65 случаи на мали сипаници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
