Во Белград нов митинг за поддршка на Русија
Во Белград денеска се одржа митинг за поддршка на Русија, јави допсиникот на МИА од Белград.
Со знамињата на Русија, Белорусија, Србија, Новорусија, како и знамето со ликот на Ратко Младиќ, околу илјада граѓани се собраа на паркингот во близина на белградскиот Сава центар пред планираното протестно возење за поддршка на Русија и рускиот народ во војната со Украина.
Авто-поворката „Србите за Русите“ тргна од Сава центарот и помина низ централните градски улици, на многумина им беше нацртана буквата „Z“, како на руските борбени возила во Украина, а митингот заврши кај Руската амбасада во Белград.
Во поканата за протестот на социјалните мрежи не беше објавено кој е организатор на протестот, но собирот го поддржа екстремно десничарската организација Народна патрола.
Првиот собир на „Србите за Русите“ се одржа на 4 март во Белград, кога неколку илјади луѓе пешачеа од споменикот на рускиот цар Николај Романов во центарот на градот, до Руската амбасада.
На протестот, меѓу другите, говореа Дамјан Кнежевиќ, претставник на екстремно десничарската организација Народна патрола и Младен Обрадовиќ, претставник на клерофашистичката организација Образ.
Меѓу другото, Кнежевиќ кажа дека „русофобијата во Србија е статистичка грешка“.
Досега во Белград се одржани два собири за поддршка на украинскиот народ и против војната, но на нив имаше помалку луѓе од митингот за поддршка на Русија.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
