Во Белград комарци заразени со вирусот Западен Нил
Покрај седум градови низ Србија, и во Белград се регистрирани комарци заразени со вирусот Западен Нил, кој во 2018 година зеде повеќе од 20 животи во таа држава.
Сепак, оваа година нема болни луѓе од таа треска, па затоа нема причина за загриженост, вели Иван Алексиќ од Институтот за биоциди и медицинска екологија.
– Вирусот Западен Нил е присутен во Србија од 2012 година. Секоја година има различен број пациенти, па не е можно да се предвиди како ќе биде оваа година. Во 2013 и 2018 година беше исклучително топло и погодно за развој на комарци. Оваа година треба да биде со помалку заразени и болни, па се надеваме дека нема да се повтори минатата година, – изјави Алексиќ од Биоцидниот институт за ТВ „Прва”.
Според него, бројноста на речните или шумските комарци, кои се поагресивни и присутни во сите делови на градот, полека се намалува, а бројноста на „обични” или „домашни” комарци кои се пренесувачи на вирусот Западен Нил е во пораст.
Досега се регистрирани комарци заразени со вирусот Западен Нил, освен во Белград, и во Шабац, Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Велико Градиште, Сомбор и Сремска Митровица, а засега во тие градови нема пациенти со треска.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот