Во автобуска несреќа во Хрватска загинаа 11 лица, 25 се повредени
– Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5,40 часот на хрватскиот автопат А4 во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски национални таблички излетал од патот, јави Хина.
Десетици повредени се пренесени во болниците во Вараждин и Загреб.
-Засега знаеме дека загинале 11 лица, додека останатите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Интервенцијата е завршена, а на теренот се уште се наоѓаат дежурни пожарникари, изјави командирот на противпожарната единица Жељко Наѓ, пренесе Вечерњи лист.
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Индекс. хр во несреќата тешко се повредени 25 лица.
Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна помош од двете жупанија.
Сообраќајот на автопатот А4 во правец кон Загреб се одвива по една коловозна лента со регулација на полициски службеници.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена